Вести

Вести, Сите новости

Комплетно реновирање во службата за детска и превентивна стоматологија

Службата за Детска и превентивна стоматологија ги започна стоматолошките прегледи на деца за запишување во прво одделение Службата за Детска и превентивна стоматологија за работа со деца од 0-14 годидни при ЈЗУ Здравствен дом ,,Д-р Хаим Абраванел“ во Битола, за прв пат, после 13 години работа во несоодветни и импровизирани услови, ги започна стоматолошките прегледи на деца за запишување во прво одделение, во 4 комплетно реновирани стоматолошки амбуланти, со нови керамички подови, со комплетно нова инфраструктурна инсталација и нова медицинска опрема. Наместо непроодни ходници, со реновирањето се добија широки и светли чекални со соодветни столици за пациенти и комплетно реновиран санитарен чвор, како и сала за состаноци. На тој начин ја подигнуваме оралната здравствената заштита на најмладите пациенти на повисоко ниво, а здравствените работници имаат значително подобрени услови за работа. Блескавата насмевка на нашите деца е нашата цел!

Вести, Сите новости

Здравствен дом Битола дел од 28 јавно здравствени установи каде се подобрени условите

Комплетно е обновена Службата за итна медицинска помош во Здравствениот дом во Битола, информираше преку Facebook Министерот за здравство Венко Филипче. Проектот за реновирање на Службата за Итна медицинска помош во Битола има посебно место во рамките на програмата за афирмирање на проектите кои што имаат цел унапредување и развој на здравството во државата. https://www.facebook.com/filipce.venko/posts/2401143790192640?ref=embed_post

Вести, Сите новости

Комплетно реновирани просториите на Службата за Школска Медицина

Службата за Школска Медицина во ЈЗУ Здравствен дом ,,Д-р Хаим Абраванел“ Битола, после многу години добива нови простории – комплетно реновирани. Службата за Школска Медицина во ЈЗУ Здравствен дом ,,Д-р Хаим Абраванел“ Битола, после многу години добива нови простории – комплетно реновирани. Подготвени за опремување со мебел и апаратура што оправдано е одложено поради тековната состојба со Корона вирусот. Тоа што со години не се реализирало, а било повеке од потребно – денес е реалност. На следните фотографии можете да погледнете како денес изгледа Службата за Школска Медицина, а како изгледала пред реновирањето.

Вести, Сите новости

Здравствениот дом набави Подоскоп за превентивни прегледи на стопала на деца

Во Јавната здравствена установа Здравствен Дом „Д-р Хаим Абраванел,, Битола за прв пат е набавен Подоскоп. Во Јавната здравствена установа Здравствен Дом „Д-р Хаим Абраванел,, Битола за прв пат е набавен Подоскоп. Апаратот е наменет за превентивни прегледи на стопала за децата во Службата за Школска медицина.

Вести, Сите новости

Комплетна дезинфекција на просториите во Здравствениот Дом секој петок

Здравствениот дом „Д-р Хаим Абраванел“ секој петок врши комплетна дезинфекција на просториите на своите простории Покрај многуте преземени заштитни мерки од Ковид-19 во Јавната здравствена установа Здравствен дом „Д-р Хаим Абраванел“ Битола, секој петок се врши комплетна дезинфекција на просториите во здравствениот дом од нашите вработени лица. „Превенцијата е најдобра мерка за заштита.“ – вели директорката на здравствениот дом Д-р Весна Спиркоска.

Вести, Сите новости

Донирана заштитна облека во Здравствен дом Битола

Персоналот на Детска и превентивна стоматологија е активно е вклучен во итната стоматолошка служба на Општина Битола Персоналот на Детска и превентивна стоматологија при Јавната здравствена установа Здравстен дом „Др.Хаим Абраванел“- Битола, кој за време на вонредната состојба поради вирусот Covid-19, активно е вклучен во итната стоматолошка служба на Општина Битола, изразува голема благодарност за донираната заштитна облека од страна на INNER WHEEL CLUB Bitola.

Вести, Сите новости

Донација на маски и визири во Здравствен дом „Др.Хаим Абраванел“ – Битола

Благодарност до градоначалничката на Битола, Наташа Петровска за организираната донација од ДООЕЛ Конингтон Благодарност до градоначалничката на Битола, Наташа Петровска за организираната донација од ДООЕЛ Конингтон на маски за лице и на градоначалникот на Прилеп Илија Јовановски за организираната донација преку синдикатот на визири и маски за лице. Солидарност во борба против Ковид-19, порача директорката на Јавната здравствена установа Здравствен дом „Др.Хаим Абраванел“ – Битола.

Вести, Сите новости

Одбележана 77-годишнината од депортацијата на битолските Евреи

Стручниот колегиум на ЈЗУ Здравствен дом „Д-р Хаим Абраванел“ положи цвеќе по повод 77 години од депортацијата на битолските Евреи. Според насоките на Министерството за здравство и СЗО за спроведување на превентивни мерки од корона вирусот, оваа година 11 март не се одржува „Маршот на живите“ во спомен на жртвите на холокаустот. На 11 март стручниот колегиум на ЈЗУ Здравствен дом „Др.Хаим Абраванел“, предводен од директорката Весна Спирковска, положувајќи цвеќе пред споменикот ја испрати моќната порака во светот: Никогаш повеќе. На 12 март пред споменикот на Холокаустот и Споменикот на Естреја Овадија Мара во Битола беа одбележани 77 години од депортацијата на битолските евреи. Цвеќе положија и претставници од Еврејската заедница, градоначалничката на Битола Наташа Петровска, претставници од Советот на општина Битола и други здруженија и граѓани. „Еврејската заедница оставила голем печат врз животот на битолчани. Она што го оставиле низ архитектурата, но и низ нивното живеење и преданијата, навиките и обичаите кои ги негувале се уште се присутни во нашиот град, и тоа е добро, затоа што не потсетуваат за нивното постоење на нивните простори “, рече градоначалничката Петровска. По овој повод Битола ја посети и американска ладино пејачка Сара Ароестe, која потекнува од старо битолско еврејско семејство. „Живеам во САД , но моето срце е во Битола.“- рече таа.

Вести, Сите новости

Петровска на средба со раководството на Здравствениот дом во Битола

Градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска, во Здравствениот дом „Д-р Хаим Абраванел“ во Битола оствари средба со раководниот тим на оваа здравствена установа. Градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска, во Здравствениот дом „Д-р Хаим Абраванел“ во Битола оствари средба со раководниот тим на оваа здравствена установа. Пред дефинирањето на општинскиот буџет за наредната 2020 година, особено кај јавните претпријатија, во кои дел од нивните активности имаат допирни точки и со оваа институција, денешната средба имаше за цел да бидат дадени предлози од сите страни во насока на подобрување на взаемната соработка и испорачувањето на услугите. Директорката на Здравствениот дом д-р Весна Спирковска истакна дека во изминатите две и пол години се преземени низа чекори за подобрување на условите за работа во установата. Набавени се нови апарати, реновирани се дел од објектите, а речиси за половина е зголемен бројот на вработени доктори. Дел од нив се испратени на специјализација, со цел да не се почувствува недостаток на кадарот. Сепак, за одредени одделенија и проширување на дејностите, потребен е поголем простор, кој оваа установа го нема. Градоначалничката Петровска истакна дека општината во дел од своите можности ја помага оваа установа, а досега со општински средства инфраструктурно е решено поставувањето на бехатон плочките околу домот, со што е реализирана тротоарска целина. Исто така, Општина Битола ја разбра важноста за потребата на поставување настрешница во делот на Брзата помош за заштита на возилата и дава своја поддршка преку своите служби во подготовка на документација за овој проект. Во следната година, општината предвидува да го санира просторот околу брзата помош со бехатон плочки. На средбата беа дадени и други предлози и забелешки од страна на медицинскиот тим до градоначалничката Петровска, а исто така таа беше запозната и со новите проекти за реновирање на депото за инсулин и останатите предвидени активности на оваа здравствена установа.

Scroll to Top