Вести

Свечено промовирано новото име на Здравствен дом-Битола ЈЗУ „Д-р Хаим Абраванел“
Вести, Сите новости

Свечено промовирано новото име на Здравствен дом-Битола ЈЗУ „Д-р Хаим Абраванел“

Министерството за здравство, Амбасадата на државата Израел и општина Битола, со свечена церемонија го промовираа именувањето на ЈЗУ Здравствен Дом-Битола во ЈЗУ „Д-р Хаим Абраванел“-Битола. Министерството за здравство, Амбасадата на државата Израел и општина Битола, со свечена церемонија го промовираа именувањето на ЈЗУ Здравствен Дом-Битола во ЈЗУ „Д-р Хаим Абраванел“-Битола. Според заменик министерот за здравство Гоце Чакаровски, владината одлука е потврда за досегашната и најава за идна меѓувладина и посебно соработка во сферата на здравството. – Соработката меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Израел продолжува. Се надевам дека ќе ги користиме искуствата на колегите од Израел и дека директно ќе придонесат за развојот на здравството во нашата држава и градот Битола, бидејќи битолчани тесно се поврзани со израелската држава, посочи Чакаровски. На промотивниот настан во Битола, израелскиот амбасадор Дан Оријан најави соработка и во други сфери значајни за двете држави. – За нас именувањето на здравствениот дом во Битола со името на д-р Хаим Абраванел е посебно важно, бидејќи можеме во иднина и заеднички да реализираме многу проекти. Се обидуваме да поврземе повеќе работи и затоа денес во Битола доведовме претставници на две компании од Израел. Едната се занимава со соларна енергија, а другата од сферата на земјоделството. Во Битола имаме повеќе интересни проекти, а денешниот го реализираме во соработка со Министерството за здравство, истакна амбасадорот Оријан. Општина Битола освен јавна поддршка на одлуката, најави и отворање простор за други видови соработка на стопански, културен и образовен план. – Овој настан е можност да искажеме благодарност некому кој што се вложил во нашиот град. Денешниот настан е потврда на космополитизмот на нашиот град, но и потврда дека денешните генерации го сочувале чувството за почит и за градење вистински вредности кои со државата Израел ќе се продлабочуваат, нагласи градоначалникот на општина Битола Наташа Петровска. На чинот на именувањето на ЈЗУ Здравствен Дом-Битола во „Д-р Хаим Абраванел“ присуствуваше и внуката на Абраванел, д-р Рахел Шели Леви Друмер, која истакна дека според еврејскиот календар точно на денешен ден пред 75 години во Битола беше извршена депортацијата на Евреите од овој град и прочита молитва.

Вести, Сите новости

Здравствениот дом во Битола ќе се преименува во „Д-р Хаим Абраванел“

ЈЗУ Здравствен дом-Битола ќе се именува според познатиот еврејски лекар интернист д-р Хаим Абраванел, кој во периодот од 1946 до 1963 година работел во овој град. ЈЗУ Здравствен дом-Битола ќе се именува според познатиот еврејски лекар интернист д-р Хаим Абраванел, кој во периодот од 1946 до 1963 година работел во овој град. На свеченоста која утре ја организираат менаџментот на јавната здравствена установа Здравствен Дом, општина Битола и локалното здружение „Архам“, ќе присуствуваат претставници од јавниот живот на градот, македонското здравство, израелската амбасада, како и претставници на еврејската заедница од Македонија и странство. Примариус д-р Хаим Абраванел дипломирал медицина во Прага во 1921 година, а специјализирал интерна медицина во Виена во 1926 година. Абраванел се смета за еден од пионерите на битолското повоено здравство, основноположник и шеф на одделението за интерна медицина. Во двецениското работење во Битола пружил лекарски услуги на бројни лица од локалното население, меѓу кои и на првиот филмски снимател на Балканот, Милтон Манаки, кој со својата камера регистрирал дел од неговата хумана дејност. Одлуката за именување на ЈЗУ Здравствен Дом-Битола во „Д-р Хаим Абраванел“ ја донесе Владата на Република Македонија во месец март 2017 година. Пред ЈЗУ Здравствен Дом-Битола поставена е нова информативна табла, како и информативно пано со кус историјат за делото и дејноста на д-р Хаим Абраванел чиј живот згаснал во израелскиот град Бат Јам во 1984 година.

Вести, Сите новости

Здравствен дом Битола ќе го носи името на познат еврејски лекар

На иницијатива на Еврејската заедница во Македонија битолското здружение „Архам“ и со поддршка на Амбасадата на Израел и ЈЗУ Здравствен дом Битола, оваа јавна здравствена установа треба да го носи името на доктор Хаим Абраванел, евреин кој живеел и работел во овој град. На иницијатива на Еврејската заедница во Македонија битолското здружение „Архам“ и со поддршка на Амбасадата на Израел и ЈЗУ Здравствен дом Битола, оваа јавна здравствена установа треба да го носи името на доктор Хаим Абраванел, евреин кој живеел и работел во овој град. Д-р Абраванел му бил личен доктор на познатиот балкански кинематографер, Милтон Манаки. Тој бил прв раководител на интерното одделение во Битола, голем хуманист и човек кој секому помагал, посочи Шели Леви Друмер, внука на Абраванел, родена во Скопје, а живее во Тел Авив, каде се преселиле веднаш по скопскиот земјотрес во 1963 година. – Мојот дедо Хаим Абраванел цел живот го мина во Македонија. Секогаш и помагаше бидејќи тој беше човек што сака луѓе. И јас ја сакам Македонија бидејќи тука сум родена, татко ми е роден битолчанец од семејството Леви, и како што забележувате одлично зборувам на македонски јазик. Од 2009 година често сум во Битола затоа што директно сум вклучена во реконструкцијата на Еврејските гробишта и изградба на Спомен парк на оваа локација. Мојот ангажман го чувствувам како аманет од мојот дедо бидејќи во едно негово писмо од 1961 година прочитав како мојот дедо се обраќа до битолскиот градоначалник за реставрација на еврејските гробишта, и дојде време за исполнување на таа желба. Јас живеам во Израел но срцето ми е тука, рече д-р Шели Леви Друмер за време на денешниот престој во Битола. Во спомен паркот на еврејските гробишта во Битола ќе биде поставен и сончев часовник кој го изработува израелскиот скулптор уметник Мати Грунберг, кој за време на посетата на еврејските гробишта истакна дека сончевиот часовник ќе понуди атрактивна реткост. – Сончевиот часовник ќе биде така поставен што ќе овозможува секогаш во периодот од 9. до 11. март преку посебен камен, светлината да паѓа врз овие денови кои потсетуваат на датумот на депортацијата на Евреите, појасни Грунберг. Сеќавањето на депортитаните Евреи од Битола, освен со молитва што ја одржаа рабинот Матанија од Израел и пасторот Ханс од Германија, беше одбележан со полагање цвеќе пред Споменикот на депортираните Евреи и бистата на народната хероина Естреја Овадија-Мара, со комеморативен марш по Широк Сокак до железничката станица во Битола и со изложба на тема „Ерусалим ја памети Битола“. – Ова е ден исполнет со многу емоции и енергија. Ерусалим ја памети Битола и затоа понудивме бројни фотографии кои ги поврзуваат двата града. Малкумина знаат дека во Ерусалим има улица која се вика според партизанката Естреја Овадија-Мара, а имаме и Синагога која се вика Монастир односно Битола. Секако посебно возбудлив беше моментот на организација и реализација на комеморативниот марш по Широк Сокак, покрај столбовите на некогашната Синагога кахал Португал во градското шеталиште па се до железничката станица каде младите порачаа „Никогаш повторно“, и сите заедно положивме цвеќиња на шините, истакна Дан Ориан, амбасадор на Израел во Република Македонија.

Scroll to Top