Вести

Од понеделник ревакцинација со втора доза на Pfizer
Вести, Сите новости

Од понеделник ревакцинација со втора доза на Pfizer

Од понеделник ќе се врши ревакцинација со втора доза на Pfizer вакцината на лицата кои ја примиле првата доза во пунктот Даме Груев. Ревакцинацијата ќе се одвива во  регионалниот центар за масовна имунизација во Медицинско училиште на посебно одредени пунктови за тоа. Нови, први вакцини нема да се даваат, бидејќи дозите од МЗ се само за РЕВАКЦИНАЦИЈА Пунктот во Даме Груев не работи. Вакцинацијата со вакцината на Sinofarm продолжува да се спроведува како и досега во континуитет.

Започнува масовната вакцинација во Битола
Вести, Сите новости

Неделава вакцинирани 3.885 лица

Денес 8.5.2020 од вкупно пријавени во системот 1.241 лица, вакцинирани се 876 или вкупно оваа недела 3.885. Честитки за тимовите и апел до населението:Пријавувајте се на сајтот-vakcinacija.mk „ПОДОБРО Е ДА СЕ СПРЕЧИ, ОД КОЛКУ ДА СЕ ЛЕЧИ“.

Започнува масовната вакцинација во Битола
Вести, Сите новости

Започнува масовната вакцинација во Битола

Регионалниот пункт за вакцинација во Битола започнува со работа од 4.5.2020. Денес пристигнаа и првите вакцини ,со кои се наполнаа специјално поставените фрижидери. Доставата на вакцини од МЗ ке се врши континуирано, со комплетно запазување на ладниот ланец на транспорт и прием.-До овој момент преку апликацијата на МЗ- vakcinacija.mk се пријавени над 18.000 лица, а за утрешниот ден пријавени се над 910 термини.-Вакцинацијата ќе се одвива на 25 вакцинални пунктови во две смени.-Регионалниот центар во Битола ќе опфака пет Општини-Битола, Прилеп, Демир Хисар, Крушево и Македонски Брод.-До сега во Битола се вакцинирани над 1.700 лица со вакцината на Astra Zeneca и 600 лица со вакцината Pfizer.-Непријавени лица преку системот нема да се вакцинираат.-Вакцинацијата во овој момент е најдобриот начин за заштита од Covid 19.

Брзи тестови за ковид 19 во Здравствен дом Битола
Вести, Сите новости

Брзи тестови за ковид 19 во Здравствен дом Битола

Јавната здравствена установа Здравствен дом ,,Д-р Хаим Абраванел,, – Битола од утре, 26.11.2020, почнува со работа на брзи тестови за Ковид 19. Новиот пункт ќе работи со закажување на пациентите преку ,,Мој термин,, од матичните доктори организиран од Министерството за здравство и министерот Венко Филипче во рамките на лабораториската дијагностика.

Поставена монтажна барака за отстранување заштитни средства од медицински интервенции
Вести, Сите новости

Поставена монтажна барака за отстранување заштитни средства од медицински интервенции

Во Јавната здравствена установа Здравствен Дом „Д-р Хаим Абраванел“ – Битола поставена е монтажна барака за отстранување на употребените заштитни средства при медицински интервенции – во посебен дел. „На овој начин обезбедивме уште една заштитна мерка од Ковид-19 за заштита на медицинскиот персонал, а уште повеќе на пациентите. Голема благодарност до ДООЕЛ „ФОД“ и директорот Методија Тасевски за оваа донација и нивната соработка. Сите заедно против Ковид-19“, велат од Здравствениот дом Битола.

Медицинска едукација на отворено за вработените во Здравствен Дом - Битола
Вести, Сите новости

Медицинска едукација на отворено за вработените во Здравствен Дом – Битола

Јавната здравствена установа Здравствен дом „Д-р Хаим Абраванел“ – Битола организираше медицинска едукација за вработените. Истата се одржа на отворено согласно со препораките за заштита од Ковид-19.

Вести, Сите новости

Здравствениот дом со сопствени средства набави нова медицинска опрема

ЈЗУ Здравствен дом „Д-р Хаим Абраванел“ – Битола, со сопствени средства набави НОВА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА: 1. Набавен е стрес тест за Службата за спортска медицина за превентивни прегледи на младите спортисти за рано откривање на било какви кардиолошки проблеми. Целокупниот проект е во износ од 1.375.000 денари со ДДВ. 2. Набавени се седум полимеризирачки ламби (хелио) за потребите на Стоматолошката служба во вредност од 423.000 денари со ДДВ. 3. Набавени се три хематолошки бројачи: • Тридиференцијален хематолошки бројач за лабораторијата во здравствениот дом, •​Тридиференцијален хематолошки бројач за Службата за трудова медицина, наменет за систематски прегледи и •​Еден петдиференцијален хематолошки бројач за Главната лабораторија од најновата генерација кој претставува пресврт во хематологијата и овозможува издигнување на значително повисоко ниво со нови дијагностички параметри добивајќи подобри услуги за пациентите. Овој софистициран анализатор претставува многу повеќе од обичен бројач на крвни елементи со издигнат фокус на повисоко ниво и е ставен на детекција на патолошките примероци преку диференцијација на сите пет популации на бели крвни клетки. Вкупната цена на трите хематолошки бројачи изнесува 1.477.000 денари ДДВ. 4. Набавени се два фармацевтски фрижидери за чување на вакцини во Школска медицина во вредност од 187.000 денари со ДДВ. 5. Набавен е подоскоп за Службата за школска медицина како иновација за рано откривање на промените на стапалата кај децата, во вредност од 253.000 денари со ДДВ. 6. Набавен е сколиометар во одделот на Спортска медицина, за рано откривање на деформитети на рбетниот столб. Сите проекти се реализирани со сопствени средства на Здравствениот Дом.

Вести, Сите новости

Инвестиции во одржувањето на Здравствениот дом во Битола

Инвестиции во одржувањето на објектот на Јавната здравствена установа Здравствен дом ,,Др.Хаим Абраванел“ – Битола: Со ова се унапредуваат условите во здравствениот дом, што е од големо значење како за пациентите, така и за медицинскиот и останатиот персонал во домот.

Вести, Сите новости

Комплетно реновирање во службата за детска и превентивна стоматологија

Службата за Детска и превентивна стоматологија ги започна стоматолошките прегледи на деца за запишување во прво одделение Службата за Детска и превентивна стоматологија за работа со деца од 0-14 годидни при ЈЗУ Здравствен дом ,,Д-р Хаим Абраванел“ во Битола, за прв пат, после 13 години работа во несоодветни и импровизирани услови, ги започна стоматолошките прегледи на деца за запишување во прво одделение, во 4 комплетно реновирани стоматолошки амбуланти, со нови керамички подови, со комплетно нова инфраструктурна инсталација и нова медицинска опрема. Наместо непроодни ходници, со реновирањето се добија широки и светли чекални со соодветни столици за пациенти и комплетно реновиран санитарен чвор, како и сала за состаноци. На тој начин ја подигнуваме оралната здравствената заштита на најмладите пациенти на повисоко ниво, а здравствените работници имаат значително подобрени услови за работа. Блескавата насмевка на нашите деца е нашата цел!

Вести, Сите новости

Здравствен дом Битола дел од 28 јавно здравствени установи каде се подобрени условите

Комплетно е обновена Службата за итна медицинска помош во Здравствениот дом во Битола, информираше преку Facebook Министерот за здравство Венко Филипче. Проектот за реновирање на Службата за Итна медицинска помош во Битола има посебно место во рамките на програмата за афирмирање на проектите кои што имаат цел унапредување и развој на здравството во државата. https://www.facebook.com/filipce.venko/posts/2401143790192640?ref=embed_post

Scroll to Top