Завршни сметки за 2020 година
Завршни сметки за 2020 година
Јавната здравствена установа Здравствен дом ,,Д-р Хаим Абраванел,, – Битола од утре, 26.11.2020, почнува со работа на брзи тестови за Ковид 19. Новиот пункт ќе работи со закажување на пациентите преку ,,Мој термин,, од матичните доктори организиран од Министерството за здравство и министерот Венко Филипче во рамките на лабораториската дијагностика.
Во Јавната здравствена установа Здравствен Дом „Д-р Хаим Абраванел“ – Битола поставена е монтажна барака за отстранување на употребените заштитни средства при медицински интервенции – во посебен дел. „На овој начин обезбедивме уште една заштитна мерка од Ковид-19 за заштита на медицинскиот персонал, а уште повеќе на пациентите. Голема благодарност до ДООЕЛ „ФОД“ и директорот Методија Тасевски за оваа донација и нивната соработка. Сите заедно против Ковид-19“, велат од Здравствениот дом Битола.
Јавната здравствена установа Здравствен дом „Д-р Хаим Абраванел“ – Битола организираше медицинска едукација за вработените. Истата се одржа на отворено согласно со препораките за заштита од Ковид-19.
ЈЗУ Здравствен дом „Д-р Хаим Абраванел“ – Битола, со сопствени средства набави НОВА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА: 1. Набавен е стрес тест за Службата за спортска медицина за превентивни прегледи на младите спортисти за рано откривање на било какви кардиолошки проблеми. Целокупниот проект е во износ од 1.375.000 денари со ДДВ. 2. Набавени се седум полимеризирачки ламби (хелио) за потребите на Стоматолошката служба во вредност од 423.000 денари со ДДВ. 3. Набавени се три хематолошки бројачи: • Тридиференцијален хематолошки бројач за лабораторијата во здравствениот дом, •Тридиференцијален хематолошки бројач за Службата за трудова медицина, наменет за систематски прегледи и •Еден петдиференцијален хематолошки бројач за Главната лабораторија од најновата генерација кој претставува пресврт во хематологијата и овозможува издигнување на значително повисоко ниво со нови дијагностички параметри добивајќи подобри услуги за пациентите. Овој софистициран анализатор претставува многу повеќе од обичен бројач на крвни елементи со издигнат фокус на повисоко ниво и е ставен на детекција на патолошките примероци преку диференцијација на сите пет популации на бели крвни клетки. Вкупната цена на трите хематолошки бројачи изнесува 1.477.000 денари ДДВ. 4. Набавени се два фармацевтски фрижидери за чување на вакцини во Школска медицина во вредност од 187.000 денари со ДДВ. 5. Набавен е подоскоп за Службата за школска медицина како иновација за рано откривање на промените на стапалата кај децата, во вредност од 253.000 денари со ДДВ. 6. Набавен е сколиометар во одделот на Спортска медицина, за рано откривање на деформитети на рбетниот столб. Сите проекти се реализирани со сопствени средства на Здравствениот Дом.
Инвестиции во одржувањето на објектот на Јавната здравствена установа Здравствен дом ,,Др.Хаим Абраванел“ – Битола: Со ова се унапредуваат условите во здравствениот дом, што е од големо значење како за пациентите, така и за медицинскиот и останатиот персонал во домот.
Службата за Детска и превентивна стоматологија ги започна стоматолошките прегледи на деца за запишување во прво одделение Службата за Детска и превентивна стоматологија за работа со деца од 0-14 годидни при ЈЗУ Здравствен дом ,,Д-р Хаим Абраванел“ во Битола, за прв пат, после 13 години работа во несоодветни и импровизирани услови, ги започна стоматолошките прегледи на деца за запишување во прво одделение, во 4 комплетно реновирани стоматолошки амбуланти, со нови керамички подови, со комплетно нова инфраструктурна инсталација и нова медицинска опрема. Наместо непроодни ходници, со реновирањето се добија широки и светли чекални со соодветни столици за пациенти и комплетно реновиран санитарен чвор, како и сала за состаноци. На тој начин ја подигнуваме оралната здравствената заштита на најмладите пациенти на повисоко ниво, а здравствените работници имаат значително подобрени услови за работа. Блескавата насмевка на нашите деца е нашата цел!
Објавен е распоредот на систематски прегледи за упис во прво одделение во ЈЗУ Здравствен дом „Др.Хаим Абраванел“ – Битола. Објавен е распоредот на систематски прегледи за упис во прво одделение во ЈЗУ Здравствен дом „Др.Хаим Абраванел“ – Битола.
Комплетно е обновена Службата за итна медицинска помош во Здравствениот дом во Битола, информираше преку Facebook Министерот за здравство Венко Филипче. Проектот за реновирање на Службата за Итна медицинска помош во Битола има посебно место во рамките на програмата за афирмирање на проектите кои што имаат цел унапредување и развој на здравството во државата. https://www.facebook.com/filipce.venko/posts/2401143790192640?ref=embed_post
Службата за Школска Медицина во ЈЗУ Здравствен дом ,,Д-р Хаим Абраванел“ Битола, после многу години добива нови простории – комплетно реновирани. Службата за Школска Медицина во ЈЗУ Здравствен дом ,,Д-р Хаим Абраванел“ Битола, после многу години добива нови простории – комплетно реновирани. Подготвени за опремување со мебел и апаратура што оправдано е одложено поради тековната состојба со Корона вирусот. Тоа што со години не се реализирало, а било повеке од потребно – денес е реалност. На следните фотографии можете да погледнете како денес изгледа Службата за Школска Медицина, а како изгледала пред реновирањето.