Сите новости

Распоред за теренска вакцинација
Вести, Сите новости

Распоред за теренска вакцинација

Распоред за теренска вакцинација во руралните средини за периодот 28.09.2021 – 04.10.2021 Распоред за теренска вакцинација во руралните средини за периодот 28.09.2021 – 04.10.2021 28.09.2021 8 ч с. Лавци – во домот 10ч с. Брусник 12ч с. Нижеполе – училиште Во овој пункт ќе доаѓаат да се вакцинираат во определеното време и жителите од: с. Дихово с. Трново с. Магарево 29.09.2021 8ч с. Цапари – училиште Во овој пункт ќе доаѓаат да се вакцинираат во определеното време и жителите од: с. Братиндол с. Ротино с. Кажани с. Маловишта с. Српци 12ч с. Долненци – училиште Во овој пункт ќе доаѓаат да се вакцинираат во определеното време и жителите од: с. Рамна с. Лера с. Ѓавато 30.09.2021 8ч с. Бистрица – училиште Во овој пункт ќе доаѓаат да се вакцинираат во определеното време и жителите од: с. Олевени с. Барешани с. Крстоар 10ч с. Породин – училиште Во овој пункт ќе доаѓаат да се вакцинираат во определеното време и жителите од: с. Канино с. Велушина с. Острец 12ч с. Граешница – училиште Во овој пункт ќе доаѓаат да се вакцинираат во определеното време и жителите од: с. Кишава с. Лажец с. Драгош 1.10.2021 8ч с. Буково – месна заедница Во овој пункт ќе доаѓаат да се вакцинираат во определеното време и жителите од: с. Крстоар 9:30ч с. Кравари – месна заедница Во овој пункт ќе доаѓаат да се вакцинираат во определеното време и жителите од: с. Оптичари с. Егри с. Жабени 11ч с. Меџитлија – Џамија Во овој пункт ќе доаѓаат да се вакцинираат во определеното време и жителите од: с. Кременица 2.10.2021 8ч с. Поешево – училиште 9ч с. Долно Оризари – училиште Во овој пункт ќе доаѓаат да се вакцинираат во определеното време и жителите од: с. Карамани с. Трн 11ч с. Логоварди – училиште 4.10.2021 8ч с. Горно оризари – училиште Во овој пункт ќе доаѓаат да се вакцинираат во определеното време и жителите од: с. Раштани 9:30ч с. Кукуречани – амбуланта Во овој пункт ќе доаѓаат да се вакцинираат во определеното време и жителите од: с. Крклино с. Драгожани с. Секирани с. Галабавци с. Драгарино 11ч с. Црнобуки – училиште Во овој пункт ќе доаѓаат да се вакцинираат во определеното време и жителите од: с. Ново Змирнево 12ч с. Лопатица – училиште Во овој пункт ќе доаѓаат да се вакцинираат во определеното време и жителите од: с. Лисолај с. Црнеец

Апел до населението
Вести, Сите новости

Апел до населението

Се апелира за почитување на закажаниот термин во пунктот за масовна имунизација. Имено, голем број на граѓани поради непочитување на закажаниот термин за ревакцинација, доагаат во голем број во исто време и со стварањето на „гужви“ се отежнува вакциналниот процес. Ве замолуваме, заедно, да го овозможиме нормалниот процес на работа. Секој кој има закажан термин ке биде вакциниран-тимовите работат со вакцинирање и на последното закажано лице. НЕ МОЖИ ВО 8 ч. ДА ИМА МНОГУ А ВО 16 ч. НИКОЈ, а пунктот работи од 8 до 19:30 ч. „ОД НАС СИТЕ ЗАВИСИ“ п.с.Слободното вакцинирање е без закажан термин – во секое време

Внуката на Д-р Хаим Абраванел донираше 2 компјутери и 2 печатари за Здравствениот дом во Битола
Вести, Сите новости

Филипче: После 70 години за првпат е реновиран Здравствениот дом во Битола

Денеска во посета на Здравствениот дом во Битола беше министерот за здравство Венко Филипче, кој направи увид во реконструираните делови на зградата. „Нешто што е направено после 70 години, немало никава известиција од педесеттите години ,практично од кога почнал да функционира. Тоа значи дека целосно се реновирани внатрешните простории, ходниците, работните простории во делот на педијатриската служба, вакциналните пунктови, превентивната служба, превентивната стоматологија, понатаму делот каде што се чуваат вакцините за оние вакцини од редовните колендар и ова е на некој начин континуитет на процесот што започна пред две-три години кога беше целосно реновирана службата за Итна медицинска помош. Овој здравствен дом опфаќа голем дел на пациенти на кои што дава здравствена услуга и се финализира со замена на кровот. Битола и Здравствениот дом во перидот кој што следи после помошта која што треба да стигне од Делегацијата на ЕУ кај нас ќе добие и ново амбулантно возило, а понатаму во целокупниот процес на подобрување на условите во здравствените установи, тука ставаме фокус на реновирањето на болницата. Сакам да и честитам на директорката, на целокупниот здравствен персонал кој што изминатиот период покажаа дека можат да се справат со менаџирање на Ковид кризата. Дел од вработените во здравствениот дом се дел од здравствени работници кои што го  менаџираат целокупниот процес на вакцинирање и во салата, пунктот за масовна вакцинација, така што тие ги заслужуваат сите пофалби“ рече Филипче. Директорката на Здравствениот дом, Д-р Весна Спирковска рече дека голема е честа за неа и е благодарна за присуството на министерот Филипче во овој момент кога имаат шанса да покажат што се направиле во изминатите четири години. „За овие неполни четири години успеавме да му ја промениме душата на Здравствениот дом, остана само надворешноиста, а додека сите служби дел по дел се реновираат, во овој момент ги промовираме трите служби каде што се завршени реновирањата, претходно беше брзата помош, а во тек е реновирањето на депото за лекови, а за наредната година останува уште лабораторијата“ рече Спирковска.

Внуката на Д-р Хаим Абраванел донираше 2 компјутери и 2 печатари за Здравствениот дом во Битола
Донации, Сите новости

Внуката на Д-р Хаим Абраванел донираше 2 компјутери и 2 печатари за Здравствениот дом во Битола

Нова донација е реализирана во ЈЗУ Здравствен дом „Д-р Хаим Абраванел“ – Битола. Внуката на Д-р Хаим Абраванел, д-р Рашел Шели Леви Друмер лично донираше два компјутери и два печатари за Здравствениот дом од Битола. Од управата упатија благодарност за донацијата.

Од понеделник ревакцинација со втора доза на Pfizer
Донации, Сите новости

Донација од Ротаракт Клубот Битола Широк сокак

Ротаракт Клубот Битола Широк сокак донираше два прочистувачи за воздух во Службата за здравствена заштита на деца од 0-7 год и два безконтактни апарати за дезинфекција на раце во Службата на ИМП и Службата за Медицина на трудот. Ротаракт Клубот Битола Широк сокак донираше два прочистувачи за воздух во Службата за здравствена заштита на деца од 0-7 год и два безконтактни апарати за дезинфекција на раце во Службата на ИМП и Службата за Медицина на трудот.

Од понеделник ревакцинација со втора доза на Pfizer
Вести, Сите новости

Од понеделник ревакцинација со втора доза на Pfizer

Од понеделник ќе се врши ревакцинација со втора доза на Pfizer вакцината на лицата кои ја примиле првата доза во пунктот Даме Груев. Ревакцинацијата ќе се одвива во  регионалниот центар за масовна имунизација во Медицинско училиште на посебно одредени пунктови за тоа. Нови, први вакцини нема да се даваат, бидејќи дозите од МЗ се само за РЕВАКЦИНАЦИЈА Пунктот во Даме Груев не работи. Вакцинацијата со вакцината на Sinofarm продолжува да се спроведува како и досега во континуитет.

Започнува масовната вакцинација во Битола
Вести, Сите новости

Неделава вакцинирани 3.885 лица

Денес 8.5.2020 од вкупно пријавени во системот 1.241 лица, вакцинирани се 876 или вкупно оваа недела 3.885. Честитки за тимовите и апел до населението:Пријавувајте се на сајтот-vakcinacija.mk „ПОДОБРО Е ДА СЕ СПРЕЧИ, ОД КОЛКУ ДА СЕ ЛЕЧИ“.

Започнува масовната вакцинација во Битола
Вести, Сите новости

Започнува масовната вакцинација во Битола

Регионалниот пункт за вакцинација во Битола започнува со работа од 4.5.2020. Денес пристигнаа и првите вакцини ,со кои се наполнаа специјално поставените фрижидери. Доставата на вакцини од МЗ ке се врши континуирано, со комплетно запазување на ладниот ланец на транспорт и прием.-До овој момент преку апликацијата на МЗ- vakcinacija.mk се пријавени над 18.000 лица, а за утрешниот ден пријавени се над 910 термини.-Вакцинацијата ќе се одвива на 25 вакцинални пунктови во две смени.-Регионалниот центар во Битола ќе опфака пет Општини-Битола, Прилеп, Демир Хисар, Крушево и Македонски Брод.-До сега во Битола се вакцинирани над 1.700 лица со вакцината на Astra Zeneca и 600 лица со вакцината Pfizer.-Непријавени лица преку системот нема да се вакцинираат.-Вакцинацијата во овој момент е најдобриот начин за заштита од Covid 19.

Scroll to Top