Author name: admiin

Вести, Сите новости

Стручни и едукативни состаноци во Службата за Итна медицинска помош

Во наменски предвидената „Просторија за едукација“ при реновирањето на Службата за Итна медицинска помош, во соодветен простор, започнаа стручни и едукативни состаноци на персоналот од службата. Во наменски предвидената „Просторија за едукација“ при реновирањето на Службата за Итна медицинска помош, во соодветен простор, започнаа стручни и едукативни состаноци на персоналот од службата. За почеток, докторите присуствуваа на презентација и активно дискутираа на тема од витален интерес за работата. Имено, се дискутираше на тема „Принципи на напредно одржување на живот“ кај пациентите во животнозагрозувачки состојби. Предавач беше Др.Моника Јовановска, сертифициран едукатор од „Медицински симулациски центар“ Скопје, вработена во Итната медицинска помош.

Вести, Сите новости

Организирана работилница за тријажа за давателите на услуги во Итната медицинска помош

Континуираната медицинска едукација на здравствените работници во Здравствениот дом „Д-р Хаим Абраванел“ во Битола, како еден од врвните приоритети, продолжува со реализацијата на активности на тој план. Континуираната медицинска едукација на здравствените работници во Здравствениот дом „Д-р Хаим Абраванел“ во Битола, како еден од врвните приоритети, продолжува со реализацијата на активности на тој план. На 26 ноември Хера во соработка со Министерството за здравство и со поддршка на Фондот за население на Обединетите нации УНФПА организираше работилница за тријажа и упатување со осврт на репродуктивното здравје. Работилницата беше наменета за давателите на услуги во Итната медицинска помош, со цел да се унапредат нивните знаења за улогата на здравствениот систем во услови на криза, положбата на бремените жени во масовни несреќи и кризи, како и да се зајакнат нивните вештини во правилното тријажирање.

Вести, Сите новости

17 медицински сестри и 5 доктори нововработени во Здравствениот дом „Др. Хаим Абраванел“ Битола

Реализиран е проектот на Министерството за здравство по пат на јавен повик за вработување на медицински сестри и доктори. Реализиран е проектот на Министерството за здравство по пат на јавен повик за вработување на медицински сестри и доктори. Од 1 ноември 2019 година во Јавната здравствена установа Здравствен дом „Др.Хаим Абраванел“ Битола започнаа со работа 17 медицински сестри и 5 доктори.

Вести, Сите новости

Нова работна униформа на патронажната служба

Патронажната служба на Здравствениот дом „Др.Хаим Абраванел“ доби нова работна униформа. Патронажната служба на Здравствениот дом „Др.Хаим Абраванел“ доби нова работна униформа. На овој начин сите во службата добиваат унифициран изглед, со што пациентите полесно можат да го препознаат персоналот, што ќе ја олесни комуникацијата и ќе го унапреди односот помеѓу пациентот и медицинскиот кадар согласно со најновите светски стандарди.

Вести, Сите новости

Целосно реновиран објектот на службата за итна медицинска помош и домашно лекување

Значително се подобрени здравствените услуги и услови за граѓаните во Здравствениот дом Битола. И пациентите и здравствените работници се задоволни, затоа што е овозможено подобро јавно здравство. На промоцијата на целосно реновираниот објект на службата за итна медицинска помош присуствуваше и министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче. Тој упати честитки до менаџерскиот тим и останатите вработени и изјави дека значително се подобрени здравствените услови и услуги за граѓаните во Здравствениот дом во Битола. Со тоа и пациентите и здравствените работници се задоволни, затоа што е овозможено подобро јавно здравство. Значително се подобрени здравствените услуги и услови за граѓаните во Здравствениот дом Битола. И пациентите и здравствените работници се задоволни, затоа што е овозможено подобро јавно здравство.

Вести, Сите новости

Здравствениот дом набави нова опрема

Јавната здравствена установа Здравствен дом „Д-р Хаим Абраванел“ набави нова опрема. Јавната здравствена установа Здравствен дом „Д-р Хаим Абраванел“ набави нова опрема. Дел од набавката се ново амбулантно возило, медицински апарати, хематолошки столици, како и две столици за транспорт по скали. Новите столови се наменети за пациентите и се први од овој тип во Македонија. Со столовите ќе оперираат вработени во службата за итна медицинска помош. И оваа иницијатива е во насока на подобро здравство и задоволни пациенти, вели директорката на здравствениот дом Весна Спиркоска. Здравствениот дом набави и хематолошки столици, како и друга опрема потребна за тековното работење на службите.

Вести, Сите новости

Пет рурални амбуланти во битолско повторно во функција

Руралните амбуланти во пет населени места во Битолско, кои што некогаш функционирале, но биле затворени и оставени да пропаѓаат, од денес повторно се ставени во функција на локалното население. Руралните амбуланти во пет населени места во Битолско, кои што некогаш функционирале, но биле затворени и оставени да пропаѓаат, од денес повторно се ставени во функција на локалното население. Медицински тим, составен од доктор и медицинска сестра, во определен термин во неделата, ќе ги отвори вратите на амбулантите за прегледи на локалното население во Доленци, Цапари, Породин, Лопатица и Бач. „Радосна сум што ова е уште една можност да се прикаже како со добра соработка на локалната самоуправа со ресорнорно министерство, во случајов Министерството за здравство и локалното население, успеавме да ги доближиме амбулантите во пет рурални средини во Општина Битола. На овој начин практично им се олесни на локалното население согласно нивните потреби од здравствената сфера, да ги добијат здравствените услуги во овие пет објекти. Покрај олеснителната околност за локалното население, ќе се растеретат и гужвите кои што ги има во здравствените установи во градот, што претставува взаемен бенефит. Севкупната поддршка која што можеше да ја даде Општина Битола во инфраструктурното уредување, како на пример водовод во амбулантата во селото Породин, целосно ја даваше во сите амбуланти“, рече м-р Наташа Петровска, градоначалник на Општина Битола. На овој начин преку отворањето на петте рурални амбуланти, на населението му се обезбедува комплетна примарна и превентивна здравствена заштита. Во обновувањето на веќе постоечките амбулантни објекти, голем придонес даде и локалното население, кое се вклучи со помошни активности. Од Здравствениот дом во Битола најавија дека за скоро време ќе биде вклучен и втор медицински тим кој ќе работи во овие амбуланти. „Начинот на давање на примарната здравствена заштита до сега беше на еден нефункционален начин. Со ставањето во употреба на овие амбуланти, пред се му се враќа приватноста на пациентот при извршување на лекарските прегледи, а со тоа се враќа и достоинството на лекарите, кои досега вршеа прегледи на улици, кантини, во школи за време на летни распусти, ситуација која што навистина не наликуваше на ништо. Засега населението ќе има еднаш неделно отворена амбуланта, но со вработувањето на вториот тим, ќе имаат два пати во неделата функционална медицинска заштита. Покрај прегледите, пациентите ќе можат да добиваат и ЕКГ услуги, мерење на гликемија, консултативни прегледи, а во иднина се размислува и за теренско делување кај немоќните пациенти. Проектот ќе биде во неколку етапи, а ова е само почеток“, истакна директорката на Здравствениот дом Битола, д-р Весна Спирковска. Проектот е во соработка со Министерството за здравство и претставува почеток во развојот на примарната здравствена заштита, односно можноста на секој жител во Македонија да ја добива оваа здравствена услуга.

Вести, Сите новости

Со нови проекти до подобра здравствена заштита

Интервју: Д-р Весна Спирковска, директор на Здравствен дом “Д-р Хаим Абраванел ” – Битола.Со нови вработувања Здравствениот дом “Д-р Хаим Абраванел ” – Битола настојува да го решава акутниот проблем присутен во здравството предизвикан од недостатокот на доктори и останат медицински персонал. Со нови вработувања Здравствениот дом “Д-р Хаим Абраванел ” – Битола настојува да го решава акутниот проблем присутен во здравството предизвикан од недостатокот на доктори и останат медицински персонал. Почетокот на 2018 година вработивме шест доктори на неопределено и двајца со договор на дело со што се надополнија најургентните места со недостаток на кадар-ИМП,амбулантите воРЕК и амбулатата во службата за школска медицина во ОУ,,Даме Груев,,. Моментално имаме согласност за вработување на уште девет доктори и еден стоматолог,за што овие денови ќе биде распишан конкурс, а во тек е барање до министерство за одобрување на вработувања на медицински и немедицински персонал, вели Д-р Весна Спиркоска, директор на Здравствениот дом “Д-р Хаим Абраванел ”. Во текот на оваа година очекувам да успееме да распишиме девет специјализации за подобрување на специјалистичко консултативните прегледи, вели таа посочувајќи дека со голем број проекти сите служби настојуваат нивото на здравствената заштита во здравствениот дом да го подигнат колку што е можно повисоко. – Недостатокот на медицински кадар е најголемиот проблем во македонското здравство. Како со овој проблем се справувате во Здравствениот дом “Д-р Хаим Абраванел ” во Битола? Спирковска: И натаму главен проблем со кој се соочуваме останува недостатокот на медицински кадар. Старосната граница на здравствените работници е висока. Тоа е главниот проблем и затоа акцентот на целата наша работа моментално е ставен на вработувањата . Го искористивме планот за 2017 година и вработувањето за таа година, така што успеавме да вработиме шест доктори и двајца доктори со договор на дело со што ги надополнивме основните услови за работа. Ги надополнивме празните места во итната медицинска помош, бидејќи таму беше состојбата најкритична,во амбулантите во РЕК Битола и во една амбуланта во службата за школска мадицина.На овој начин овозможивме докторите специјалисти по трудова медицина да не работат т.е да не надополнуваат во амбулантите во РЕК . Истовремено со нивно комплетно вклучување во нивната вистинска дејност-систематски превентивни прегледи на вработените во многу работни организации. Со тоа успеавме да бидеме поконкурентни и да добиеме многу поголем број на тендери во таа област. Тоа се должи секако и на тоа што имаме квалитетни услуги кои се нудат на работните организации. Инаку , во тек сме на распишување на конкурс за вработување на нови девет доктори. Се надеваме дека ќе ги добиеме бидејќи имавме обезбедено средства. Исто така и буџетските средства ги користиме за вработување на тие девет доктори, кои што би заминале на специјализација. Три специјализации ни требаат за вонболничка педијатрија, поради тоа што и докторите од школска медицина и од педијатрија ги исполнуваат условите за пензија. Три доктори ни се потребни за на специјализација по трудова медицина. Исто така ни треба и доктор по спортска медицина бидејќи во моментот немаме ниту еден. Два доктори ни заминаа во пензија, а само еден доктор е во крајна фаза на полагање на специјалистичкиот испит,така да овој вакум простор го надополнуваме благодарение на соработката со Министерството за здравство и добиената согласност- со добивање услуги од доктор специјалист по спортска медицина од Струга. Тој доаѓа еднаш неделно, односно во петок. На тој начин не дозволивме битолчани да останат без прегледи на спортистите и немаше никаков проблем во изминатите четири-пет месеци, односно воопшто не се почуствува недостаток од доктор по спортска медицина во Битола. Ако не успеевме проблемот да го решиме на тој начин, ќе беше навистина тешко за младите спортисти во општината. -Со која динамика ги планирате потребните специјализации? Спирковска: Од нововработените доктори предвидено е девет доктори да заминат на специјализација и затоа тие се најургентни бидејќи турнусите за специјализација започнуваат од септември и октомври. Предвидени се три специјализации за вонболничка педијатрија, три специјализации по трудова медицина ,една е за детска превентивна стоматологија, една за спортска медицина и еден доктор за медицинска биохемија за во лабораторија. Значи тие се профилите кои што ни требаат за специјализација. Наназад со години не се добивале специјализации, односно по една до две годишно. Поради тоа недостатокот од доктори е огромен. Тоа е главниот проблем и за мене ова има приоритетно значење По основ на пензионирање ќе имаме побарување за уште други девет доктори по општа медицина. Тоа е потребно за надополнување на празните места каде што заминуваат докторите. Така на пример тоа е случај со школските амбуланти каде мора недостатокот да се надомести. Во брзата помош имаме случаи на заминување во пензија. Домашното лекување е една од службите кои што се од витално значење и потребата од развој на оваа служба е од посебен интерес. Јас неодамна бев на Европската меѓународна летна школа во Будва каде што главна тема беше финансовото штедење во здравствениот систем и вниманието беше насочено точно на тие служби за домашно лекување каде што целта на СЗО е кратењето на хоспиталните болнички денови и продолжување на вонболничкото лекување. Во тоа најмногу е вклучена службата за домашно лекување. Но за тоа да се направи и кај нас потребно е да се екипира службата бидејќи таа во моментов работи само со четири доктори, по двајца во смена. И таму двајца доктори се веќе пред користење на правото на пензија и постои опасност службата да остане со два доктори, додека пред десет години се работело со осум до девет доктори. Затоа посебен акцент ставаме на развојот на службата за домашно лекување, што е една од главните точки на Министерството за здравство на Република Македонија. И Светската здравствена организација става акцент на истото, бидејќи многу е важен развојот на вонболничкото лекување на пациентите, потоа постоперативното третирање и секако таа потреба се зголемува и заради растот на старосната граница на населението. Старосната граница се зголемува и имаме се поголем број на стари лица на кои што им е потребна Службата за домашно лекување и пружање на медицинска здравствена заштита. -Покрај доктори, дали ви се потребни и други вработувања? Спирковска: Покрај недостатокот на доктори има потреба и од други вработувања. Тука станува збор за уште дваесеттина вработувања

Scroll to Top