Служби
Служба за лабораториско дијагностичка дејност
Основна дејност
- Основна дејност на Лабораторијата е испитување на биолошки материјал.
Персонал

Здравствени услуги
- Биохемиската лабораторија нуди широк спектар на лабораториски услуги и тоа:
- Хематолошки анализи
- Липиден статус
- Глукозен статус
- Хепатално-ензимски статус
- Деградациони продукти
- Електролитен статус
- Инфламаторни маркери
- Имунолошки статус
- Протеински статус
- Лабораторијата нуди и специфични анализи и тоа:
- Тумор маркери
- Хормонски статус
- Полови хормони

Организациона структура
Службата се состои од два оддели и тоа:
- Оддел за хематологија и
- Оддел за биохемија
Опрема
Лабораторијата располага со современа опрема и тоа:
- Хематолошки аналајзери, Micros 60 и Mithic18
- Биохемиски аналајзер Beckman Coulter AU 480,
- Спектрофотометри, центрифуги и останата опрема.
Кадар
Службата располага со висококвалификуван кадар и тоа:
- Др Специјалист по медицинска биохемија
- Дипломирани мед-лабораториски аналитичари
- Лабораториски техничари
- Медицински сестри
Историја на службата
- Историјата на оваа служба е поврана со историјата на Здравствениот дом Битола, кој е пуштен во употреба во 1956 година. Во рамките на Здравствениот дом функционира оддел за лабораториско дијагностичка дејност.
- Службата се состои од оддел за хематологија и биохемија.
- Во одделот за хематологија се зема венска, капиларна крв и се испитува уринарен статус. На годишно ниво се вршат испитувања на крв кај 26.460 пациенти за 2017година. Уринарен статус се испитува кај 18.530 пациенти. Се вршат систематски прегледи кај првачиња спортисти и деца на школска возраст од прво до осмо одделение. Исто така, се вршат и домашни посети.
- Во одделот за биохемија се нуди широк спектар на лабораториски успуги и специфични анализи за тумор маркери, хормонски статус и полови хормони.
Првиот чекор кон вашето здравје започнува тука!
Здравствен дом „Др. Хаим Абраванел“ Битола






