Права и должности на пациентите
Права и должности на пациентите
- Пациентите, како корисници на здравствените услуги во Здравствениот дом, имаат права кои се уредени со прописите за здравствена заштита, здравствено осигурување, заштита на правата на пациентите и други прописи од областа на здравството.
- Здравствениот дом при укажувањето на здравствената заштита на пациентите во целост ги применува одредбите од Законот за Здравствената заштита, Законот за здравствено осигурување, Законот за заштита на правата на пациентите и другите акти донесени брз основа на овие закони.
- Пациентите-корисници на здравствените услуги во Здравствениот дом имаат обврска да го почитуваат куќниот ред на здарвствениот дом, да ги почитуваат советите и инструкциите на здравствените работници и на другите вработени во Здравствениот дом, како и други обврски уредени со Законот за заштита на правата на пациентите.
- Корисниците на здравствените услуги имаат право на приговор до Директорот во врска со остварувањето на правата од здравствената заштита и здравствено осигурување.
- Здравствениот дом во грижата за остварувањето на заштитата на правата на пациентите обезбедува правна помош и правни совети преку советник за заштита на правата на пациентите. Здравствениот дом се грижи за заштита на правата на пациентите, при што воедно дава и правни совети и правна помош на пациентите во однос на остварувањето на заштитата на нивните права согласно со Законот за заштита на правата на пациентите.
- Здравствениот дом во рамките на својата дејност е должен да го прими пациентот и да му ја укаже потребната здравствена услуга.
- При укажувањето на здравствената заштита здравствените работници и здравствените соработници се должни да ја извршуваат својата работа совесно, стручно, ефикасно, уредно и непристрасно, при што не смеат да се раководат од свои лични финансиски интереси, ниту да ги злоупотребуваат овластувањата и статусот што го имаат како здравствени работници и соработници. Тие треба да го штитат личниот углед и угледот на установата во која се вработени.
- Основните предуслови за работа во здравствената установа се професионалност во извршувањето на работните обврски, совесност, чесност, посветеност, несебичност, лојалност, колегијалност, способност за тимска работа, ажурност, подготвеност за стручно усовршување и напредување, одговорно и домаќинско работење, почитување на човековата личност и интегритет, како и недискриминација по било кој основа.
- При укажувањето на здравствената заштита, здравствените работници и соработници се должни да се грижат за корисниците на кои им се укажува здравствена заштита, да го почитуваат нивното достоинство, да се придржуваат на медицинската етика и медицинската доктрина и да ја чуваат професионалната тајна, како и да ги почитуваат и другите права на пациентите.
Првиот чекор кон вашето здравје започнува тука!
Здравствен дом „Др. Хаим Абраванел“ Битола






