Служби
Депо за лекови
Основна дејност
Фармацевтска дејност која опфаќа непрекинато, континуирано снабдување со лекови, инсулин, вакцини и медицински средства, следење на ефектите од нивната употреба, контрола, информирање, советување, консултирање и едуцирање на пациентите и здрвствените работници за рационална и ефикасна употреба на лековите и медицинските средства.
Персонал

Здравствени услуги
- Снабдување на сите служби во ЈЗУ Здравствен дом - Битола со потребните лекови и медицински средства;
- Снабдување со инсулин на пациенти од инсулин зависен дијабет;
Организациона структура
Службата е организирана во следните организациони единици:
Депо за лекови
- Планирање, реализација и фармакоекономска евалуација на набавка и потрошувачка, експедиција, евиденција и електронска следливост на лекот до краен корисник;
- Контрола на исправност и рокови на важност на лековите и медицинските средства;
- Сметководствена евиденција на влез и излез (фактури, испратници, извештаи), изработка на технички спецификации и контрола на нивната усогласеност со договорената цена, квалитет и количина по важечките тендери;
- Евиденција во книга на наркотици;
- Фармаковигиланса (идентификување, проценување и превенирање на несаканите и неочекуваните реакции од лековите);
Инсулинска аптека
- Електронска набавка и следливост на потрошувачката на инсулин;
- Издавање и контрола на инсулинска терапија и водење на компјутерско досие на инсулин зависни пациенти;
- Контрола на почитувањето на процедурите за Добра дистрибутивна пракса при прием на инсулин;
- Контрола на исправноста, чувањето, складирањето и рокови на важност на инсулинот;
- Месечни извештаи за потрошувачката на инсулин;
- Советодавна комуникација со пациенти;
Опрема
Организационата единица Депо за лекови располага со соодветни фрижидери за чување и складирање на инсулин, опремени со температурни дата логери кои обезбедуваат внатрешна температурна следливост.
Кадар
Професионална, квалитетна и доследна реализација на здравствените услуги е овозможена со присуството на високо квалификуван стручен кадар:
- Два дипломирани фармацевти;
- Еден специјалист по контрола и аналитика на лекови,
Историја на службата
- Аптекарската дејност во Битола има своја традиција на постоење уште од втората половина на XVIII век. Во тогашната болница „Благовештение“ постоеше и аптека во која во која бесплатно се издаваат лекови од страна на вработени аптекари, за сиромашните членови на патријаршиската општина во градот, прегледувани во болничката амбуланта, како и за хоспитализираните пациенти.
Првиот чекор кон вашето здравје започнува тука!
Здравствен дом „Др. Хаим Абраванел“ Битола






