Сите новости

Вести, Сите новости

КАМПАЊА СПРИНТ ЗА ИМУНИЗАЦИЈА

Во склоп на Европската недела на имунизација 2024 година, ЈЗУ Здравствен Дом „д-р Хаим Абраванел “ спроведува кампања Спринт за имунизација ЈЗУ Здравствен Дом ”Д-р Хаим Абраванел”-Битола, заедно со Центар за Јавно Здравје Битола, во соработка со Министерство за здравство, СЗО, УНИЦЕФ, УСАИД и ЕУ, во склоп на Европската недела на имунизација 2024 година, спроведува кампања ”Спринт за имунизација”, каде што наши тимови одат од врата до врата во период од 15.04.2024-02.05.2024, кои го едуцираат населението и ја промовираат вакцинацијата. Воедно на ден 26.04.2024-петок, ќе се одржи и настан од 11-14 часот во Градски парк под мотото ”ЗАШТИТУВАМЕ ГЕНЕРАЦИИ” каде што два тимови од лекар и сестра ќе бидат достапни за сите Ваши прашања во врска со имунизацијата, како и забавна програма за најмладите. Ве покануваме да присуствувате. СЕКОЈА ДОЗА Е ВАЖНА, ЗАШТИТУВАМЕ ГЕНЕРАЦИИ.

Вести, Сите новости

Интерен оглас

Интерен глас бр. 02-2023 од 07.11.2023 год. за унапредување на административни службеници во ЈЗУ Здравствен дом “Д-р Хаим Абраванел“ – Битола и Пријава за пополнување за истиот.

Вести, Сите новости

Интерен оглас

Интерен глас бр. 01-2023 од 12.09.2023 год. за унапредување на административни службеници во ЈЗУ Здравствен дом “Д-р Хаим Абраванел“ – Битола и Пријава за пополнување за истиот.

Нови простории за службата ПОЛИВАЛЕНТНА ПАТРОНАЖА
Вести, Сите новости

Нови простории за службата ПОЛИВАЛЕНТНА ПАТРОНАЖА

Реализиран уште еден проект со сопствени средства Од страна на ЈЗУ Здравствен Дом „д-р Хаим Абраванел“ Битола беше реализиран уште еден проект во рамките на нашите надлежности за подобрување на здравствените услуги и условите во кои тие се пружаат. Со тоа комплетно беа опремени новите простории за службата на Поливалентна Патронажа. Во продолжение ни претставува задоволство да ви доловиме дел од атмосферата на отворањето и самите простории:

Министрите во посета на пунктот за серолошки скрининг во Битола
Вести, Сите новости

Министрите во посета на пунктот за серолошки скрининг во Битола

Министерот Сали и заменик министерот Рендевски во посета на пунктот за серолошки скрининг во Битола. Министерот за здравство, Беким Сали, заедно со заменик министерот Владимир Рендевски денеска ги посетија здравствените тимови на пунктот за серолошки скрининг во Битола и остварија средби со граѓаните. -Серолошкиот скрининг ќе овозможи да се добие јасна слика за општата состојба на населението, а од тоа ќе зависи и носењето нови препораки и мерки, рече министерот Сали.

Scroll to Top