Служби
Служба за стоматолошка здравствена заштита на деца до 14 год., итна стоматолошка помош и рендген за заби
Основна дејност
- Основна дејност на оваа служба е да дава стоматолошка заштита на населението од општина Битола и пошироко.
- Во детска и превентивна стоматологија се врши превенција и откривање на патолошки состојби, со што се обезбедува унапредување на оралното здравје, што пак е предуслов за унапредување на општото здравје кај детската популација од 0 до 14 години и кај адолесценти.
- Превенцијата се врши според стратешката превентивна програма од Министерството за здравство на Република Македонија.
- Во Итната стоматолошка амбуланта се дава итна стоматолошка помош во текот на 24 часа во работни денови, во викенди и за време на празници. Исто така, тука се врши и стоматолошка заштита кај лица со инвалидитет, пречки во развојот, лица ослободени од партиципација (крводарители, лица со одредени болести ослободени со Законот за социјална заштита и сл.), како и неподвижни лица во домашни посети по повик.
- Рентгенот за заби овозможува рентгенграфија на забите и забалото кај пациентите.
Персонал

Здравствени услуги
- Во Службата здравствените услуги се состојат во задолжителни систематски прегледи кај школските деца од основно училиште од I до IX одделение, средно образование од I до IV клас, како и високото образование во I година.
- Тука спаѓа и здравственото воспитување во предучилишните установи, основните училишта, преку медиуми, постери, плакати и флаери. Воедно, се врши специфична превенција на оралните заболувања (орална хигиена, систематска примена на флоуриди, превентивно залевање на фисури и слично).
- Во Итната стоматолошка амбуланта се вршат интервенции од итна стоматолошка природа, како санирање и помош при трауми, крварења, одонтогени болки (акутни, хронични егзацербирани) од разни причинители, екстракција на заби, локални куративни интервенции, како и препишување на соодветна медикаментозна терапија, издавање упати до специјалист и слично.
- Во рентген за заби се вршат ретроалвеоларни дентални рентген снимки, како и РТГ статус на забалото (панорамикс снимки).

Организациона структура
Работата во оваа служба е организирана во:
- Четири амбуланти по детска и превентивна стоматологија, сместени на првиот кат во зградата на Здравствениот Дом,
- Една итна стоматолошка амбуланта, која се наоѓа во делот за брза помош,
- Еден рентген кабинет, сместен во приземните простори, како и чекални, картотека, просторија за развивање рентген филмови и шалтерска просторија.

Опрема
Службата за стоматолошка здравствена заштита на деца до 14 год., итна стоматолошка помош и рендген за заби е опремена со:
- 6 стоматолошки столици и машини;
- стерилизатори;
- хелио ламби
- апарат за испитување на виталитет за заби и комплет на стоматолошки инструменти во сите амбуланти соодветно на намената и потребите на амбулантата (пинцети, огледала, ескаватори, сонди, пластични инструменти, инструменти за ЧЗК, клешти, полуги и слично).
- Кабинетот за рентген е опремен со 2 дентални рентген апарати за дентални ретроалвеоларни снимки и 1 компјутерски ортопантомограф за снимање на горна и долна вилица (панорамикс снимки).
- Сите амбуланти и рентген кабинетот се опремени и со медицински шкафови, работни маси, бироа, компјутери, печатари и др.
Кадар
Службата за стоматолошка здравствена заштита на деца до 14 год., итна стоматолошка помош и рендген за заби располага со висококвалификуван кадар, и тоа:
- 1 доктор стоматолог специјалист по општа стоматологија - раководител на одделението.
- 6 доктори стоматолози специјалисти по детска и превентивна стоматологија.
- 5 доктори по општа стоматологија.
- 1 медицинска сестра со високо образование - главна сестра на одделението.
- 1 радиолошки технолог со високо образование.
- 14 медицински сестри.
- 5 рентген техничари.
Историја на службата
- Службата за стоматолошка здравствена заштита на деца до 14 год., итна стоматолошка помош и рендген за заби постои од пред многу години, односно онолку колку што постои и државното здравство во Република Македонија. Започнува да се развива уште за време на СФРЈ во рамките на Медицинскиот центар “Д-р Трифун Пановски” - Битола во состав на тогашната стоматолошка служба.
- По осамостојувањето на нашата држава и спроведувањето на реформите за здравство, со приватизација на стоматологијата по моделот на концесионерство оваа одделение остана во составот на државното здравство при ЈЗУ Здравствен Дом “Д-р Хаим Абраванел” - Битола.
Првиот чекор кон вашето здравје започнува тука!
Здравствен дом „Др. Хаим Абраванел“ Битола






